На денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека со сите вакцини има хоспитализирани пациенти.
Со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти. Имаме и со Фајзер, и со Спутник, и со кинеската, имаме и пациенти од странство кои се вакцинирале во странство со Модерна, значи во тој дел нема некоја разлика, изјави министерот Филипче.
Министерот за здравство додава и дека најголем број на хоспитализирани вакцинирани пациенти се со примена една доза. Објаснува дека е потребно е време за да се развие имунитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.