Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.
За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег на Охридското Езеро.
Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за нанпојување со електрична енергија.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дрка ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от.

Маријан Маловчев, менаџер на „Куба Либре“ вели дека тие како субјект немаат никаква вина за ситуацијата, концесијата на просторот е платена до 2021 година, а сето она што е изградено од нивна страна е според проект одобрен од надлежните институции уште во 2007 година.
Плажата е изградена со проект, со обезбедени сите потребни дозволи од општна и држава. Никој од надлежните не дојде да ни каже како треба да изгледа просторот, што ние треба да преземеме. Доброволно ќе направевме се што треба, но за жал, не добивме ниту известување, уште помалку некој да праша какви се нашите проблеми, изјави Маловчев.
Од општина Охрид е најавено дека акцијата ќе ги опфати сите пет плажи што се опфатени со Генералниот урбанистички план, односно „Куба Либре, „Кадмо“, „Бела Виста“ како и „Канео“„ и „Потпеш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.