Лоши времиња бараат итна и квалитетна комуникација кај власта, особено надлежните треба да бидат јасни во пораките до граѓаните за справувањето со КОВИД-19 без притоа ситуацијата да се политизира.
Од ситуацијата на министерот за здравство Венко Филипче „се е под контрола“ сега станува се потешка. Секојдневните бројки на новозаболени и починати го крахираа здравствениот систем, нема место, кадар за да се лекуваат пациентите. Македонија стана полоша и од Франција, очигледно мерките на Филипче не вродија со плод и станавме црна точка во Европа и пошироко со справување со КОВИД-19.
МАКЕДОНИЈА ПОЛОША ОД ФРАНЦИЈА
Франција поради падот на новозаболени и починати, деновиве ќе почне со олеснување на карантинот во три фази, за да се избегне ново ширење на епидемијата. Со недамнешните податоци покажуваат дека Франција е на пат да го запре наглото зголемување на зараза со коронавирус. Моментално го спушти Р на 0.65. Имаат 15% позитивни од тестирани.
Поради тоа претседателот Емануел Макрон ќе се обрати пред нацијата во вторник во врска со состојбата со пандемијата и може да објави делумно олеснување на ограничувањата, кои се на сила од 30-ти октомври.
Ќе има олеснување на мерките во три фази, со оглед на здравствената состојба и ризиците поврзани со некои компании: првата фаза околу 1 декември, потоа пред празниците кон крајот на годината, а потоа и од 1 јануари 2021 година, изјави портпаролот Габриел Атал.
Имено, вториот карантин во земјата, кој започна на 30-ти октомври, ќе трае најмалку четири недели. Ограничувањата вклучуваат затворање продавници кои не продаваат неопходни работи, ресторани и барови.
МАКЕДОНИЈА СТАНА ВУХАН
Секојдневно на социјалните мрежи граѓаните споделуваат КОВИД приказни, кои неретко завршиле и со трагичен крај, бидејќи сè потежок е пристапот до здравствена заштита. По социјалните мрежи се бараат донори на крвна плазма, се собираат пари некој да се лекува на приватна клиника.
На 29-ти октомври со промена на Законот за заштита од заразни болести носењето маска стана задолжително и на отворен простор. Министерот за здравство, Венко Филипче тогаш рече дека се потребни околу две недели за да се види ефектот од досегашните мерки.
На 3 ноември Владата донесе одлука после 21 часот да не работат угостителски објекти, освен за достава, и да нема групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот. Владата препорача граѓаните навечер да не се движат на јавен простор без поголема потреба. Од првата мерка поминаа четири недели, а од втората три недели. Но, од 29 октомври бројот на активни случаи е удвоен. А, од 31 октомври секој ден има по двоцифрен број на жртви.
Минатиот понеделник, пак, министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за телевизија Сител рече дека веќе се наполните првите катови од зградите во интерните клиники, обезбедени се кревети и кадар, но дека оди сè потешко. Ситуацијата станува се потешка. Поради тоа се оствари средба со сопствениците на приватни клиники за да се обезбедат повеќе кревети но и здравствен кадар кој ќе помогне во лекување на болните граѓани од корона вирусот.
Вчера министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека е постигнат договор со сопствениците на приватни клиники за обезбедување на повеќе кревети за лекување на болните граѓани од КОВИД-19.
Постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19. Целосно ќе се опреми таа болница, да се инсталира кислород, што ќе биде направено за неколку денови. Сите ќе помогнат со материјали, со капацитетите кои ги имаат. Прогнозите се дека до крајот на неделата ќе почне со работа.Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници, истакна вчера министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој појасни дека трошоците за лекување нема да ги сносат граѓаните кои ќе се лекуваат таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.