Во последните два дена има 475 нови случаи на вирусот по што Комисијата за заразни болести дефинитивно ќе воведе нови рестриктивни мерки.

Како што дознава „Слободен печат“ од членови на Комисијата за заразни болести, на утрешната седница на која ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче, дефинитивно ќе има воведување на нови рестриктивни мерки за подрачјето на Скопје.

Мерки ќе мора да има, зашто вака работата повеќе не оди, изјави за „Слободен печат“ директорот на ЦЈЗ Скопје и член на Комисијата за заразни болести Александар Стојанов.

Тој додаде дека деталите ќе бидат познати по седницата на Комисијата. Предвид доаѓаат ограничувања на работното време на угостителските објекти каде навечер нема “игла каде да се фрли”, а во кои посетителите не носат заштитна опрема и каде се собираат големи групи на граѓани. Угостителските објекти тешко се зауздуваат, а ноќниот живот во Скопје и во градовите од внатрешноста се одвива без протоколи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.