Немаме од што да бегаме. Ќе се соочиме со проблемот „возрасно“, не детски, не со Калимеро-логика, нема правда – изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, вечерва во гостување во вестите на Сител, откако дискусија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е отстранета од дневниот ред на утрешниот министерски состанок во Брисел.
Димитров рече дека енергијата сега треба да се насочи на внaтрешни реформи и на создавање мрежа на пријатели.
Во последните години, имаше наредок во односите со Бугарија, но последните чекори го доведуваат тоа во прашање. Сепак, не сум убеден дека да го немавме Договорот за добрососедство сега ќе бевме сега во подобра ситуација.Ова е пораз на европската политика кон Балканот – изјави, меѓу другото, вицепремиерот.
Во врска со проблемот што искрсна во однос на употребата на придавката „македонски“, Димитров рече дека мешовитата историска комисија нема мандат да отвора такви теми.
Историчарите немаат мандат да разговараат за овие прашања. Нивниот мандат е утврден со Договорот за добрососедство и пријателство. Многу прашања во изминатиот период излегуваат од рамката на Договорот, чија идеја беше историјата да им се препушти на историчарите, а политиката да се занимава со сегашноста и со иднината – рече Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.