Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, армискиот воздухопловен ВИНГ (вВИНГ) ќе го одбележи Денот на единицата.
Најавени се пригодни обраќања на командантот на вВИНГ, полковник Стојко Пејовски и командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини по што ќе бидат објавени стимулативни мерки на припадници од единицата и ќе има прелет на воздухоплови.
Воздухопловниот ВИНГ го прославува 10 јуни, откако на тој датум во 1992 година се случил првиот лет на воен екипаж од штотуку формираното македонско воено воздухопловство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.