Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје изутринава заминала во Гевгелија на погреб на мајка си, потврдил за МИА директорот на затоворот Есад Рахиќ.

Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и одреди 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја” со негово прифаќање како сведок во постапката.

Јанева, чиј глас се слушаше во снимките објавени од италијанскиот весник „Ла Веритас”, во кои таа на главниот осомничен за случајот „Империја” Орце Камчев му вели „се ќе биде добро” е третоосомничена во случајот „Рекет”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.