Министерот за надворешни работи Бујар Османи на проштална средба со шпанскиот амбасадор во земјава Емилио Лоренцо Сера, му врачи плакета-благодарница за неуморниот ангажман во продлабочувањето на односите меѓу двете држави и за континуираната поддршка што Шпанија ја дава за интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
Имаме одлични и пријателски односи со Кралството Шпанија, а во нашата колективна меморија ќе остане запаметено вонредното ангажирање и одржување на видеоседницата на Сенатот на Шпанија со цел последната ратификација на Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО, во март 2020 година – истакна Османи.
Како што информира МНР, двајцата соговорници размениле мислења и за добрососедските политики во регионот, внатрешнополитичката состојба во земјата, како и за други актуелни меѓународни прашања со геополитичка конотација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.