Џеват Исени, претседател на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, сподели снимка на социјалните мрежи на која се гледа како се весели на свадба, а во појасот има пиштол.

Нема информации дали се пукало од пиштолот на свадбената веселба.

Снимката што ја објави телевизијата Канал 5, тој ја споделил самиот на социјалните мрежи и на неа јасно се гледа дека во појасот носи пиштол, иако според закон забрането е носење на огнено оружје на јавно место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.