Со транспаренти на кои се бара одговорност за смртта на пациентите и потсетување дека со парите од локалните избори можеше да се изгради долговетуваниот клинички центар, денеска пред штипската болница беше пречекан министерот за здравство Венко Филипче, кој треба да изврши увид во изградбата на модуларната болница.
Овој дочек на министерот е со цел да го потсетиме за состојбите во нашиот град, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов.
Венко Филипче денес е должен да каже каков е исходот од инспекцискиот надзор во Клиничката болница во Штип, после смртта на пациентката од Берово.
Филипче мора да ни ги соопшти наодите на специјалната комисија за начинот на третман на пациентката!
Филипче оваа посета може да ја искористи и за да објасни, зошто неговата Влада потроши милион евра за организација и поткуп на изборите, кога истите можеа да бидат употребени за завршување на Клиничка болница?!
И наместо да промовира нешто за кое се зборува од јуни оваа година, за овие неколку непродуктивни месеци, можеше да направи обид на граѓаните од Источниот регион да им го даде она за кое копнеат со години – нова и модерна Клиничка болница!, порача Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.