Невладината „Излези да гласаш“ излезе со низа забелешки за притисоци, сведоштва зa поткуп на гласачи и влијание врз правото на избор. Денеска Штип бира градоначалник, а според извештаите пред гласачките места можат да се забележат возила на партиски активисти како во колона спроведуваат гласачи да гласаат.
Од невладината истакнуваат дека има поплаки на злоупотреба на државни позиции, вработени во администрацијата да излезат на гласање.
Во ромското маало гласно се говорело дека има платени гласови. Пакет зејтин и вода биле делени на повеќе локации низ Штип.
Од „Излези да гласаш“ велат дека на гласачкото место во Штип е забележано и групно гласање, како и отворено агитирање за кого да се заокружи.
Слабата излезеност која е двојно помала од парламентарните избори ги прави нервозни изборните штабови.
Досега официјално е потврдено дека и болни од КОВИД се тераат да излезат на гласање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.