Преку отворено писмо Зоран Заев, Александар Вучиќ и Еди Рама ги канат соседните земји од регионот да се се придружат на иницијативата Отворен Балкан.

Во писмото претставниците на земјите посочуваат дека граѓаните на земјите од западен балкан иако состевен дел на континентот се предолго изоставени од визијата за европската унија.

Желбата на нашиот народ да биде прифатен од членките на ЕУ повторно и повторно беше попречена од внатрешните политики на земјите-членки, неисполнување на дадените ветувања и стравот од иднината. Тоа резултираше со разочарување, нестабилност, иселување и недостаток на големи инвестиции. Ние, како лидери на нашите земји, можеме да одлучиме да се жалиме на тоа, или можеме да одлучиме да направиме нешто во врска со тоа. Ние го избравме второто, се наведува во отвореното писмо.

Крајно време е сите народи и луѓе во регионот да се обединат за подобра заедничка иднина. Таа која нуди стабилност, мир и подобар животен стандард за сите, се вели во писмото на отворен Балкан. Инаку за во понеделник и вторник е закажана нова средба на иницијативата отворен балкан во Тирана. За во понеделник поранешниот претседател на Албанија Сали Бериша ги повика граѓаните на протести против Отворен Балкан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.