Гполицаец од ПС Аеродром, кој на 31 декември добил решение за прераспоредување, на Фејсбук јавно му заблагодари на министерот Оливер Спасовски поради тоа што им ја упропастил предновогодишната еуфорија нему на голем број полицајци вработени во МВР.

Полицаецот објаснува дека ноќта на 30 декември добил решение со кое од НОва година ќе треба да патува по 20-30 км до работното место, на терен кој не го познава.

Секоја зграда под број, секоја улица, паркинг и сл. ни беа врежани во меморијата за да може што е можно побрзо да се излезе на било каква интервенција во сервис на граѓаните за ноќта на 30.12.2019 да добиеме решенија во Полициски одделенија како Сарај, Мирковци и Шуто-Оризари, оддалечени 20 до 30 км од нашите места на живеење. Распоредени во одделенија на места каде што наша нога не стапнала, а за која цел? Дали знаете колку време ни треба да го научиме тој терен? Дали за вас сме нешто повеќе од бројка? Дали заслуживме вакви деградирања?За крај министре нека ви е среќна Новата година, и да знаете дека каде и да работиме нашата професионалност нема да биде незабележана и нашата совест секогаш ќе биде чиста, пишува полицаецот.

П.С Полицијата не е само работно место, тоа е начин на живот!

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски уште ноќта објави дека Оливер Спасовски поделил стотици решенија за прераспределување во МВР.

Во текот на ноќта стотина вработени добиле нови решенија за распоредување на нови работни места со цел на техничкиот министер од опозицијата да му се намали капацитетот за битка со криминалот и корупцијата, тврди Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Новата илегална систематизација според него била направена и со решенија кои биле изготвени надвор од МВР. Операцијата за доделување решенија за работа при што вработени биле повикувани од дома започнала ноќеска, но траела и во текот на денот.

Вечерва во МВР на големо се “штанцаат” решенија. Дури се говори дека дел од нив не се изготвуваат ниту во праваната служба, туку се носат од “надвор”. Стотина полициски службеници и поранешни вработени во УБК се повикуваат по полициски станици за да си ги подигнуваат новите решенија. Последна пресметка на Оливер Спасовски со професионалците кои одбиваа да ги реализираат политичките нарачки и да замижуваат пред криминалот штитејќи ги бандитите кои соработуваа со СДСМ, објави уште ноќта членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Република веќе објави вакво решение, со кое полицаец се распоредува на пониско работно место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.