Свечената академија по повод 110-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, кој денеска се одржа на плоштадот Македонија, преплавена со албанска орнаментика и знамиња, без притоа да биде поставено знамето на Република Македонија, државата во која е родена Гонџа Бојаџиу.
На свеченоста присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери. Се одбележа на отворено, каде беше поставена спомен-плоча на местото на родната куќа на Мајка Тереза.
Облечени во албански народни носии дел од присустните на настанот на плоштадот Македонија, по одржаната церемонија се упатија во Спомен куќата на Мајка Тереза. Таму на јарболот каде се вејат македонското и знамето на ЕУ, за прв пат поставија и албанско знаме.
На настанот кој е дел од манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“, а се одржува по повод 110 – годишнината од нејзиното раѓање, свое обраќање имаше претседателот на Собранието Tалат Џафери.
Пред оваа спомен плоча која ги симболизира темелите на родната куќа на оваа светски почитувана Албанка, сакам да го изразам и споделам чувството на искрена гордост што сум дел од овој собир, рече Џафери.
Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани рече дека наскоро ќе упатат предлог и елаборат до Собранието со цел прогласување на Мајка Тереза за национално богатство, надевајќи се дека избраните претставници на народот ќе го поддржат овој предлог.
Гонџа Бојаџиу е родена во 1910 година во Скопје. Во 1928 таа заминала од Македонија во Хрватска за потоа преку Ирска да замине во Калкута каде со децении ја вршела својата мисионерска дејност, се до нејзината смрт.
Во 1980 ја добива наградата „Почесен граѓанин на Скопје“, при што доби и спомен плочата и таа засади бор кој сè уште се наоѓа во близина на таа спомен плоча. Во 1997 таа доби Нобелова награда за мир, а по нејзината смрт, на 4 септември 2016 година, беше прогласена за светица од Ватикан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.