Мојот потег е во согласност со народната волја изразена на Референдумот 2018 година и индивидуалната слобода на изразување како човеково право. Со нетрпение ја очекувам казната што ќе ја определите за ова казниво дело, со надеж дека истата нема да биде според принципот по 1€ на три доверители! Со нетрпение ја очекувам казната што ќе ја изрече премиерот Заев, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по изјавата на премиерот Заев дека пречкртувањето на „Северна“ е непочитување на Уставот и казниво дело.
Со посебно внимание ја слушав изјавата на премиерот Заев, кој конечно сфатил дека Уставот е светост во секоја земја, но цени дека потегот на Милошоски да го пречкрта „Северна“ од неговиот беџ како пратеник на Македонија во Советот на Европа е „безобразен“ и “казниво дело“, напиша Милошоски.
Пратеникот Антонијо Милошоски, кој е дел од македонската делегација на редовното Парламентарно собрание на Советот на Европа на својата акредитација ја пречкрта придавката Северна на новото уставно име на земјава.
Македонија е името на народната волја, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец! – напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.
Во наредните 4 дена делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетијане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ во Стразбур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.