Шефот на кабинет на вицепремиерот Артан Груби, бил фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци без да плати, со нелегално поставени флешери, дознава „А1он“. Според нивните извори, тој бил затекнат вчера и е еден од 32 лица за кои МВР објави дека биле санкционирани поради злоупотреби при наплата на патарината. Полицајците го фатиле при спроведување на акциска контрола на МВР.

Неофицијално, шефот на кабинет бил со службено возило на кое биле поставени флешерите. Автомобилот бил сопственост на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.