Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека над милион Унгарци досега се вакцинирани против корона вирусот, со што земјата избива меѓу најуспешните европски држави.

Орбан најави дека неделава ќе пристигнат над 450.000 вакцини од разни извори. Унгарија набавува големи количества вакцини од Русија, како и од западните производители „Фајзер“ и „Астра Зенека“, а самиот Орбан прими вакцина од кинеската пратка. Орбан рече дека со умешноста во набавка на вакцини, Унгарија надминала држави како Германија и Австрија.

Ова е резултат на напорите на десетици илјади луѓе, доктори, сестри, амбулантните екипи, јавната администрација, работници и безбедносните служби, порача премиерот.

Од земјите членки на ЕУ, само Малта има повисока стапка на вакцинирање на населението. Тоа ја прави Унгарија најуспешна меѓу поголемите држави – членки.

COVID 2/121. 450.000 vakcina érkezett, ezzel újabb 450.000 ember életét tudjuk megmenteni. Regisztráljanak és…

Posted by Orbán Viktor on Thursday, 11 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.