Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единица повикува гласачите со многу љубов и работа да тргнат во поход кон обнова на Македонија.
Изминативе години научивме како е кога сме понижени, омаловажени, изманипулирани, економски еродирани, здравствено деградирани…
Следува период во кој сплотени треба да учествуваме во обновувањето на нашата најмила Македонија.
Посакувам фер и демократска изборна атмосфера, во која ќе слушаме само позитивни пораки за подобрување на животот на секој од нас.
Ве повикувам со многу љубов и работа да тргнеме во поход кон ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА!, порача Силјановска – Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.