На само три недели пред стартот на учебната година сеуште неизвесност во однос на спроведување на наставата.
Иако ставот на работната група на МОН и Комисијата за заразни болести е наставата во новата учебна година да се следи со физичко присуство на учениците секаде каде што постојат услови и во зависност од епидемиолошката состојба во одредена средина, сепак усвојувањето на протоколите ќе биде стопирано, се додека свое мислење не произнесе и Синдикатот за образование и наука, откако претседателот на СОНК Јаким Неделков реагираше што како репрезентативен синдикат не биле вклучени во работната група на МОН за да се советуваат за протоколите. До утре се очекува од синдикатот да испрати свое мислење по што ќе се донесе одлука.
– Не бевме ниту прашани, ниту консултирани, а од нас како наставници и како вработени ќе се бара да ги спроведеме тие протоколи. Не тврдиме дека се лоши, но сметаме дека требаше да бидеме инволвирани во тоа за да видиме што е спроведливо, што не е спроведливо и ако не е добро наставниците да може да кажат ова да се поправи на ваков начин. – вели Јаким Неделков
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.