Дека власта предводена од Зоран Заев, аболицираниот криминалец е класичен криминален картел, веќе нема дилеми. Исто така нема дилеми дека е целосно неспособна да направи нешто за граѓаните и за иднината на државата, рече денеска на прес-конференција Ане Лешоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа не е само констатација на ВМРО-ДПМНЕ, туку ова го тврдат и Бранимир Јовановиќ, доскорешен советник во Министерството за финансии но, и Петар Атанасов, заменик-министер за образование кој вчера си поднесе оставка.

Лешоска потсети на изјавата на доскорешниот советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ дека во периодот додека тој ја извршувал функцијата биле местени милионски тендери.

Замислете советникот во Министерството за финансии тврди дека се местени милионски тендери, а два дена ниту една надлежна институција не реагира на ова. Советникот Јовановиќ вели, цитирам: „Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека „метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа…“. Да биде уште појасно истиот тој Бранислав Јовановиќ појасни дека во својот статус мислел конкретно на Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, рече таа и го повика Обвинителството да го испита случајот по допрен глас.

Обвинителството треба веднаш да покрене постапка и да утврди кои тендери се местени од Анѓушев. Исто така да утврди и дали Зоран Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче или било кој друг министер, заменик-министер, директор или друг владин или државен функционер кој подлежи на долго најавуваната метла, местел милионски тендери и кои тендери. Дополнително, самиот факт што Зоран Заев се себеименува за министер за финансии докажува дека тој има намера криминалот да го вклучи на најјако, а патем да ги исклучи сите фактори кои што може да го спречат или да дознаат, за спроведувањето на неговиот веќе виден систем евро за Вицето, евро за црквата.

Лепоска посочи и на изјавата на заменик-министерот за образование Петар Атанасов, кој вчера си поднесе оставка.

Веќе е јасно дека Македонија има на чело криминален картел предводен од Заев, но истовремено има и крајно неспособна влада која нема капацитет да направи нешто за граѓаните, да донесе реформи и да не приближи до европските интеграции. Со оваа власт нема перспектива и напредок. Ова е поразително, или кратко кажано имаме власт која работи само за свое лично богатење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.