Со крената глава или со свиткана кичма – како ќе ја напушти претседателот во заминување Ѓорге Иванов вилата „Водно“ ќе видиме за три дена. Дали претседателот ќе остане претседател до последниот ден од десетогодишниот мандат обезбеден со поддршка од значителен дел од населението од кое уживаат подршка и луѓето кои се под политичкиот прогон или ќе избере го напушти Водно низ глувчешка дупка уверен дека ќе го спаси семејството од уцените на владејачката СДСМ и Антикорупциската комисија.

Несомнено, на Иванов му е потребна храброст за да остане достоен на функцијата што ја извруваше 10 години и во име на највисокиот орган во државата – Претседател на Република Македонија, ќе ги спроведе до крај своите обврски. Ако се предаде, Иванов ќе го изневери и ќе го остави на цедило својот кампус политички поддржувачи, но уште полошо, ќе дозволи толку многу луѓе да гнијат по затворите.

Од досегашната практика на власта, која го контролира судството, едно е јасно – доколку Иванов е под притисок со кој се обидува да му обезбеди мир на своето семејство по мандатот, повлекувањето никако не му оди во полза ниту пак му обезбедува мирна пензија. Оваа власт се задоволува со ниски кукавички удари, со игра која ни одблиизу не е ферплеј, па ако уценетиот претседател дозволи да стане лесен плен за политички прогон, нема да изненади ако многу брзо го видиме онаму каде што се патриотите – во дупките во Шутка и Идризово.

Нема правила кога никој не ги почитува, ниту закони ако секој ги применува како што сака

Ингеренциите на Иванов не се менуваат пред истекот на мандатот, така што тој сѐ уште има можност да ги помилува осудените со енормно високи казни, да ги аболицира обвинетите поранешни градоначалници, ексфункционери на кои им се става на товар 27 април и сите жртви на политичкиот прогон на СДСМ и„Рускоска-обвинителството“ и „Кацарска-судството“.

Не можеме да зборуваме за правила кога никој не ги почитува, ниту за закони кога секој ги применува како што сака. Претседателот Иванов може да ги помилува ocyдените за случајот „27 април“, тврди адвокатот Звонко Давидовиќ. Според него Иванов има дискpeционо право да даде аболициja, како што тоа веќе го направил претходно.

Може да даде aболиција како што направи претходно за непочнати предмети. Во овој случај, од почитички причини и потреби, Законот за амнecтија е применет нееднакво. Во сите свои обраќања Иванов кажува дека се залага за почитување на законите и Уставот, па еве му шанса да докаже дека сите треба да бидат еднaкви пред законот, вели Давидовиќ.

По одлуката на Уставниот суд во 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, толкувањето на уставните судии е дека претседателот може да помилува и тој член кој му дава за право без посебна процедура и по негово убедување да помилува е во сила, потсетува професорот по кривично право Гордан Калајџиев.

Ако претседателот одлучи да се повика на членот 11, тогаш не е потребно постапката да оди преку Министерството за правда и во тој случај не може да се смета дека Законот за избори, за кои кампањата е во тек, би бил пречка, велат правниците.

И според аналитичарот Сотир Костов, претседателот Иванов има право да ги помилува осудените во политичкиот процес за настаните од 27 април, како и другите жртви на политички монтираните процеси кои се водат против опозицијата. Главен аргумент во полза на повиците за амнестија и помилување е селективноста на власта, обвинителството и судството во изборот на жртвите за гонење, како и во веќе понудените амнестии.

Остро се противам на селективната правда и на незаконската амнестија, со која, за едни се запреа процесите, а за други беа изречени драконски казни. Ако сакаме да кажеме дека сме праведно и хумано општество и правна држава, треба да се даде општа амнестија и општо помилување за настаните од 27 април, но и за политичкиот прогон против членовите на ВМРО-ДПМНЕ воопшто бидејќи сме соочени со инквизиција и средновековни постапки, а не со истерување на правдата, вели поранешниот обвинител во изјава за Република.

Правна дилема нема за тој што сака да види

Според барателите на помилувањето кои испратиле барање до претседателот Ѓорге Иванов, со помилувањето би се елиминирала неправдата и селективниот пристап сторен со Законот за амнестија, кога од вина беа ослободени дел од обвинетите.

Осудени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“

Митко Чавков – 18 години

Митко Пешов – 15 години

Душко Лазаров – 15 години

Горан Ѓошевски – Леви – 15 години

Мунир Пепиќ – 15 години

Влатко Трајковски – 15 години

Никола Митровски – Кољо -15 години

Јане Ченто – 15 години

Вилијам Михајловски – 14 години

Оливер Поповски – 13 години

Младен Додевски – 12 години

Горанче Ангеловски – 12 години

Игор Југ – 12 години

Оливер Радулов – 10 години

Александар Василевски Нинџа – 8 години

Абдулфета Алими – 7 години

Измените на Зaкoнoт од мај 2016 содржат три члена, од кои вториот е суштинскиот.

Во него јасно пишува дека 30-те дена се важечки само за првите 30 дена од донесување на Зaкoнот.

Селективните амнестии во македонската историја

Македонската историја познава многу случаи на селективни амнестии. Беа амнестирани борците на ОНА, вклучувајќи ги и хашките случаи, беше амнестиран Руфи Османи за веењето на знамето… Зошто да не бидат помилувани и осудените кои влегоа во собрание во знак на револт од незаконското и неуставното назначување на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија кои не беа опфатени со селективниот закон за амнестија на Заев?! Вака дадената амнестија, која ќе биде предмет на оваа аргументирана критика, е без преседан во досегашната наша правна историја.

Повеќе за амнестиите во македонската историја ТУКА

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица. Ослободителна пресуда доби само оперскиот пејач Игор Дурловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.