Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат со колку агенции за јавно мислење до сега Заев и Владата имаат склучено договори?.

Заев да не се крие зад владини соопштенија и да одговори дали со државни пари финансирал агенции за мерење на јавно мислење, кои потоа излегувале со анкети на кои тој и СДСМ имаат добар рејтинг? Дали Заев со пари на народот платил агенција за мерење на јавно мислење за една потреба, а таа иста агенција после неколку месеци прави политичка анкета на која резултатите се поволни за него? Колку чини власта на Заев и дали народните пари се злоупотребуваат во директна политичка кампања? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму исто така прашуваат дали и колку од тие агенции коишто ги платила Владата до сега излегле со анкета за локалните избори и дали тој резултат е во полза на Заев?

Тоа што Заев редовно го прави во Македонија, во Австрија која е земја членка на ЕУ, дури и да постои сомнеж за тоа, цела влада си дава оставка. Да го следеше Заев тој пример до сега требаше едно 1.000 пати да си даде оставка. Но, кај Заев нема ништо европско, тој дури и кога е фатен инфлагранти во криминал не дава оставка, туку се крие и бара изговори – се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.