Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на Твитер упати прашања до МНР Никола Димитров и Вицепремиерот Бујар Османи која била улогата на советникот на премиерот Заев задолжен за Европската Унија Љупчо Зафировски при нивната посета во Франција.
Прашањето на Милошоски е во контекст на тврдењето на премиерот Заев кој, одговарајќи на пратеничко прашање од Милошоски, рече дека Зафировски имал одлични врски со советниците на Макрон.
Почитувани @Bujar_O и @Dimitrov_Nikola молам за одговор на колку средби од вашата посета на Париз присуствуваше советникот на @Zoran_Zaev, Љупчо Зафировски (кој зема 1200€ и има повисока плата од вас), и истиот со кои дипломати од кабинетот на @EmmanuelMacron ви овозможи средби? pic.twitter.com/jgzZ7TisrM
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) June 7, 2019
Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја добивме од Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот кој е еден од подобро платените не можевме да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Баравме некој труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија, но такво нешто не постои . (Извор: ИРЛ)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.