Ректорот на Американ Колеџ во Скопје, професорот Марјан Бојаџиев, смета дека со коалицискиот договор меѓу СДСМ и Алтернатива се кршат многу закони.
Неговиот статус на Твитер ви го пренесуваме во целост:
Со коалицискиот договор СДСМ – Алтернатива се поставуваат фиљан лица за директори, но при тоа се кршат дузина закони. Се прекршува член 344 од ЗТД, 107 Закон за здравствена заштита и 159 Закон за ПИОМ Нели беше слоганот „Европа денес?“ Нели „политиката НЕ Е над законот?“
Со коалицискиот договор СДСМ – Алтернатива се поставуваат фиљан лица за директори, но при тоа се кршат дузина закони.
Се прекршува член 344 од ЗТД, 107 Закон за здравствена заштита и 159 Закон за ПИОМ
Нели беше слоганот „Европа денес?“
Нели „политиката НЕ Е над законот?“— Marjan I. Bojadjiev (@MarjanBojadjiev) December 19, 2021
Алтернатива објави кои нејзини кадри сака да влезат во власта, а еден од нив е Хусни Исмаили, поранешен министер за култура.
Хусни Исмаили сега е пратеник и претседател на собраниската Комисија за труд и социјална политика, а Алтернатива го предлага да биде потпретседател на Собранието.
Но, јавноста памети дека Антикорупциската комисија неодамна му поднесе кривична пријава за злоупотреба на положбата додека беше министер за култура.
Во опширното соопштение кое тогаш го пратија антикорупционеритете извештија дека Исмаили како министер потпишал над 100 проекти надвор од финансиските планови кои чинеле 33 милиони денари.
Казната за делото кое го сторил и за предизвиканата штета, според кривичниот законик е минимум пет години затвор. Треба да се истакне дека засега не е познато што се случи со кривичната пријава, како и дека овој политичар во моментов има и пратенички имунитет. Инаку тој е ревматолог по професија и професор на медицинскиот факултет во Тетово.
Од Алтернатива вчера ги објавија имињата на функционерите кои ќе заседнат на функционерските фотлеји, откако претходно беше постигнат договор за учевство на оваа партија во власта.
Најголемо внимание од предложените имиња предизвикаа Беким Сали и Орхан Муртезани, кои во наредниот период ќе бидат на чело на Министерството за здравство, односно на МЕПСО. Интересот на јавноста за двајцата функционери на Алтернатива е голем, поради тоа што и двајцата на функциите доаѓаат во време на криза.
Сали ќе треба да се справува со очајно лошата состојба во здравството во време на пандемија, додека Муртезани ќе треба да обезбеди електрична енергија во време кога во цела Европа има недостаток од струја.
Со значајни функции од партијата на Африм Гаши се здобија и Адмирим Алити, ако и Џемаил Чупи, кои ќе бидат дел од Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.