Ако СДСМ го бива за нешто тоа е од ништо да направи настан. Последното ништо за Битола е примопредавањето донација маса со клупи и шаховска табла.
Свечениот настан беше медиумски покриен, а градоначалничката, која ја сефтоса масата со директорката од Иутекредит Македонија Елена Глигоровска, даде и изјава.
Во животот убавите нешта лежат во едноставните работи. Кога зборуваме за урбаната средина, не се важни само големите инфраструктурни зафати. Битно се и ваквите елементи кои што му даваат душа на се друго што правите – рече градоначалничката Петровска.
Новата маса со клупи за шах поставена во паркот кај Јени Џамија во Битола, која е донација на ИутеКредит Македонија филијала Битола, е замена за постоечката стара клупа за друштвени игри.
На официјалната страница на општината на Фејсбук, настанот доби посебно место и пригоден текст.
ПОСТАВЕНА НОВА МАСА ЗА ШАХ ВО ПАРКОТ КАЈ ЈЕНИ ЏАМИЈА
Љубителите на друштвените игри ќе можат да ја користат новата маса со клупи за шах, која е поставена во паркот кај Јени Џамија во Битола.
На иницијативата на Иутекредит Македонија филијала Битола, заменета е постоечката стара клупа за друштвени игри со нова, според Програмата за поставување урбана опрема на Општина Битола, во делот на паркот кај Јени џамија. На примопредавањето во функција на новата маса за шах, градоначалничката Петровска им се заблагодари на претставниците од Иутекредит Македонија и најави можност за следна соработка.
„Во животот убавите нешта лежат во едноставните работи како што е ова денес, кое што и тоа како ја збогатува можноста на граѓаните навистина да уживаат во ладовина и во играта која што е овозможена во овој простор, каде што веќе имаше ваква маса, но забот на времето си го направи своето. Кога зборуваме за урбаната средина, не се важни само големите инфраструктурни зафати. Битно се и ваквите елементи кои што му даваат душа на се друго што правите“ рече градоначалничката Петровска.
Претставниците на Иутекредит Македонија посочија дека ваквиот вид на донации го работат заедно со Пакомак, со цел да се испрати еко порака за селектирање на отпадот.
„Со донацијата сакаме да ја разубавиме средината во градовите каде што имаме експозитури, но и онаму каде што немаме. Среќни сме што Општина Битола ја прифати донацијата, а локацијат на која што е постаена е одлична и се надевам дека многу минувачи и граѓани на Битола тука ќе поминуваат убави моменти“, истакна Јасмина Апостоловска, раководител на одделот за маркетинг во Иутекредит Македонија.
Задоволството беше големо и за случаните минувачи кои веднаш ја искористија можноста за играње шах на новата табла. Оние пак, кои што немаат фигури, истите можат да ги подигнат од филијалата на Иутекредит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.