Со европско знаменце ќе се бутка Законот за попис во Собранието, одлучи владата на вчерашната 34 седница. И додека власта е упорна во обидот да наметне лошо законско решение, ВМРО ДПМНЕ е против овој закон.Оттаму тврдат дека со ваков попис, каков што сака да спроведе Зоран Заев, ќе не има 3 милиони жители.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера вечер гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Мицкоски при своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ваков попис како што планира Зоран Заев.
Ваков како што е конципиран пописот нема да го признаеме. Затоа даваме предлог еве за да го признаеме пописот дајте луѓе да набавиме 10.000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме – појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека сите предлози ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преточи во амандмани.
Ако има очекувања дека и ова може со филибастеринг да се сопре, не може бидејќи има европско знаменце. Треба да и кажеме на јавноста што можеме, а што не можеме. Ние бараме да биде вистински статистичка операција, а нема потреба од два потписа. Еве, да одиме преку фингерпринт терминали односно единици каде што ќе се чита отисокот на прст – истакна Мицкоски.
Тој посочи дека вака како што е концепиран пописот ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го признае. И следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе попис кредибилен кој што вистински ќе биде статистичка операција, а не на крај со двоен потпис да даде политички одговор.
До ден денеска не е јавно презентирана методологијата на попишување. Знам дека има, но зошто таа методологија пред да влезе во Службен весник не ја дадат на опозицијата, па и опозицијата да се изјасни – нагласи Мицкоски.
Зоран Заев пак бранејќи го Законот за попис смета дека со нема нема простор за манипулации.
Денеска пописот веќе е поразлична статистичка операција од тоа што била порано, порано се формираа политички одбори коишто го спроведуваа пописот со одговорност на политичката власт, се формираше Државна пописна комисија, сега тоа го спроведува како насекаде низ ЕУ со ЕВРОСТАТ правилата, а статистичкиот орган тоа е кај нас Државниот завод за статистика, и тие веќе пилот пописот го поминаа одлично – истакна синоќа Заев во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
Тој додаде дека токму Европската комисија го регистрираше во својот извештај за нашата земја пилот пописот како фаза и ја оцени како одлична.
Новината е што најголем дел од податоците електронски се собираат што денеска е можно со влечењето од базите што веќе ги имаме. Тоа е ЕВРОСТАТ правило. Денес, со интегрираниот систем кој што го има МВР ние во секој момент можеме да ги провериме податоците за било кој граѓанин. Дали е тука во државата и колку време е надвор од државата, тоа се проверува на копче буквално. Јас од кога сум премиер донесовме заклучоци на Влада заради тоа што знаевме дека еден ден ќе ни дојде потребата за попис. Така да стравот дека ќе се оставале лични карти тука на нашинците коишто живееле во дијаспората па ќе ги испишат со личните карти, а тие се всушност надвор, тоа е не возможно заради тоа што на еден клик знаеме кој е тука во државата кој не е тука и не треба да се плашиме. На крајот дали Македонците биле над 65% или под, Албанците над 20% или под или слично, нема ретроактивно дејствие. Никој не губи права, ниту добива права со тоа. Оваа земја веќе прерасна во граѓанска држава каде што граѓаните се еднакви со своите права и со своите обврски, пописот ќе каже колку сме, какви сме, кои се тука, кои се надвор од државата, пописот е економска потреба – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.