Само во македонскиот јазик од сите словенски јазици сѐ уште најѕвонливо одѕвонува гласот Ѕ кога се изговара: ѕвоно, ѕвезда, ѕвекот, ѕвер, ѕид, ѕирне, ѕуница, ѕевгар…, па дури и детскиот поздрав со честичката „ѕе“. Токму фактот дека гласот Ѕ е и една од најсилните карактеристики за историската и современа посебност на македонскиот јазик, бил несоборлив аргумент за негов „опстанок“ и при современата кодификација на јазикот.
Денес, Ѕ (глаголица: ) е десеттата буква во македонската азбука; меѓутоа овој глас е многу постар и е означен и во старословенското писмо, односно уште во глаголицата на Кирил и Методиј, каде што бил означен со графемата („ꙃѣло“). Во глаголицата секој глас имал свое „име“, а буквата што денес се изговара како Ѕ, се нарекувала „ѕјало“ со значење на „сѐ“. Буквата го означува гласот фонетски означен како ʣ и фонетски е опишана како звучна венечна слеана согласка. И покрај идентичниот изглед, оваа буква е несродна со латиничната буква Ѕ (С), која дошла од грчката буква сигма.
Иако историската и современа посебност на македонскиот јазик лингвистички е докажана и признаена во науката, неговото политизирање како еден од елементите на националната историска автохтоност на македонскиот народ предизвикува нова потрага по стари и веќе познати научни аргументи.
Целата сторија на „Нова Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.