Екипи на „Македонија пат“ и на Центарот за управување со кризи се обидуваат да го оспособат регионалниот и меѓународен патен правец Тетово-Јажинце за сообраќај, по ноќешното излевање на Габровска Река кај селото Доброште, како и поради наноси од кал, камења и дрвја на коловозната лента. Патот е во прекин од ноќеска околу 1 часот поради поплавата.
Работиме со две машини за утовар на наносите на камиони. Екипи на ЦУК се обидуваат да го регулираат коритото на реката со цел да има проодност на надојдената вода и да нема излевање на патот, изјави Дејан Јовановски од тетовска секција на „Македонија пат“.
Полициски службеници од станицата за безбедност во патниот сообраќај во Тетово го регулираат сообраќајот и не се дозволува движење од Тетово кон Доброште како и од Јажинце кон Одри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.