Нови 476 случаи на ковид-19, девет починати пациенти и 279 оздравени лица се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство (МЗ), повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од новорегистрираните 476 случаи, од Скопје се 208, од Битола – 45, од Велес – 29, од Прилеп – 22, од Куманово – 21, од Кавадарци – 18, од Охрид, од Кочани и од Гевгелија – по 13, од Штип – 11, од Делчево – осум, од Берово – седум, од Струмица, од Неготино и од Радовиш – по шест, од Тетово, од Свети Николе, од Крива Паланка, од Кратово и од Демир Хисар – по пет, од Ресен – четири, од Гостивар, од Кичево, од Виница, од Валандово и од Крушево – по три, од Пробиштип и од Пехчево – по два и од Струга и од Македонска Каменица – по еден.

Од 279-те оздравени пациенти, од Скопје се 137, од Куманово – 28, од Кавадарци – 26, од Битола – 15, од Прилеп – 13, од Штип – осум, од Велес – седум, од Кочани – шест, од Охрид и од Крива Паланка – по пет, од Тетово и од Кратово – по четворица, од Гевгелија и од Пробиштип – по тројца, од Струмица, од Свети Николе, од Демир Хисар, од Кичево и од Богданци – по двајца, од Делчево, од Неготино, од Ресен, од Македонска Каменица и од Дојран – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани се девет починати лица – по две од Скопје (76 год. и 77 год.) и од Куманово (65 год. и 73 год.) и по едно од Велес (79 год.), од Кавадарци (68 год.), од Штип (88 год.), од Прилеп (70 год.) и од Крива Паланка (40 год.).

Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021 – по едно од Скопје, од Битола, од Велес и од Кочани на возраст од 57 – 81 год.

Направени се 3.145 тестови преку ИЈЗ – 337, преку ЦЈЗ Скопје – 86, преку ЦЈЗ Битола – 79, преку ЦЈЗ Прилеп – 35, преку ЦЈЗ Тетово – 59, преку ЦЈЗ Куманово – 62, преку УК Пулмологија со алергологија – 1, преку Институт за микробиологија – 167, преку Клиника „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 77, преку „Авицена“ – 113, преку „Биотек“ – 152, преку „Систина“ – 65, преку лабораторија „Лаор“ – 118, преку „Синлаб“ – 18, преку „Ремедика“ – 18, преку „Плодност“ – 54, преку „Генеа“ – 7, преку „Никоб лаб“ -2 23, преку ВФВ Медикал – 43, преку „Ели Медика“ – 24, преку „Ројал Медика“ – 15, преку „Спектра-ММ“ – 12, преку „Рапид Лаб“ – 7 и преку ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.373.

Досега во земјата се направени вкупно 1.436.695 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.

Заболени (вкупно), активни случаи (вкупно) по градови

Скопје – 91.948, активни – 3.846
Куманово – 12.684, активни – 315
Тетово – 11.239, активни – 197
Прилеп – 9.918, активни – 425
Битола – 8.183, активни – 659
Гостивар – 8.048, активни – 47
Велес – 7.140, активни – 370
Кавадарци – 6.704, активни – 335
Штип – 6.442, активни – 222
Охрид – 6.310, активни – 246
Струмица – 5.987, активни – 115
Кичево – 4.193, активни – 97
Струга – 3.875, активни – 56
Кочани – 3.851, активни – 236
Гевгелија – 2.704, активни – 150
Неготино – 2.507, активни – 91
Свети Николе – 2.077, активни – 76
Крива Паланка – 1.821, активни – 166
Радовиш – 1.682, активни – 85
Ресен – 1.664, активни – 93
Дебар – 1.453, активни – 3
Берово – 1.336, активни – 64
Делчево – 1.295, активни – 124
Виница – 1.132, активни – 48
Пробиштип – 1.094, активни – 54
Валандово – 885, активни – 29
Кратово – 731, активни – 76
Богданци – 617, активни – 29
Крушево – 574, активни – 27
Демир Хисар – 567, активни – 86
Македонски Брод – 483, активни – 4
Демир Капија – 419, активни – 10
Македонска Каменица – 388, активни – 55
Пехчево – 338, активни – 14
Дојран – 158, активни – 5



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.