Од синоќа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа се протегаат по целиот град. Во гаснењето се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард” со сопствена механизација.

Пожарот е забележан еден час пред полноќ. Зафатена е поголема површина. Наши две екипи со возила се вклучени во гаснење на пожарот“, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.

Ова не е првпат депонијата да гори. Тоа се случи неодамна, кога причина, според одговорните во „Стандрад” биле високите температури.

Дали и овојпат причина се високите температури или во прашање е човеки фактор не знаеме. Екипа од Одделението за внатрешн работи беше на увид, нашите вработени и пожарникарите прават се истиот да се изгасне“, изјави за МИА, Бурим Каба, директор на ЈКП„Стандрад”.

Граѓаните се крајно револтирани затоа што чадот и смрдеата го имаат „запоседнато” градот.

Не се дише. Низ градот не може да се помине а дома седиме со затворени прозорци. Причина, повеќе од сигирно е човечки фактор. Потпалена е во доцните вечерни часови, зашто да се случеше во текот на денот можеби ќе можеше да се каже дека е од високите температури, сметаат дебрани.

Градската депонија се наоѓа на излезот од Дебар, на патот кој води кон бањскиот локалитет Бањиште и граничниот премин „Блато”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.