Постигната е согласност за заедничко одбележување на цар Самоил, свети Климент и свети Наум, на дводневната средба на заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија што заврши синоќа во Скопје, соопштија денеска од Институтот за национална историја.
По долги дебати, заедничката комисија постигна согласност да даде препорака до владите на двете држави дека постојат доволно елементи за заедничко одбележување на Св. Климент, Св. Наум, и цар Самоил, како мост за градење на меѓусебни пријателски односи, во духот на Договорот за пријателство и добрососедство, стои во соопштението од Инститот за национална историја.
На средбата е разгледувана можноста за заедничко одбележување на некои историски личности кои се значајни и за двете држави, додека дискусијата за учебниците по историја беше одложена за следната средба.
Ова е четврта средба на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која е формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.