Со брусилка се брише сонцето од Кутлеш среде полициски час во Крива Паланка.

За овој настан се огласи и поранешниот градоначалник на Крива Паланка Арсенчо Арсовски.

Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на нaјподмолен начин во време на полициски час го откорнувaш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, подaнички и прeдавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице. Тој симбол меѓу другото беше и првото државно знаме на повеќепартиска Република Македонија. И сега ти нeспособен за нешто ново да направиш мислиш дека со вакви предавнички работи ќе се прославиш. Ејј мизеријо од човека, што правиш?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.