Сашо Мијалков во петок ќе ја слушне висината на казната за предметот „Таргет-тврдина“. Казна ќе има и тоа не спорно.
Но, главното прашање е колкава и што таа ќе предизвика. Во судските кругови веќе се коментира дека тој нема да добие казна повисока од пет години иако обвинителкатата Ленче Ристовска побара максимални 13.
Петте години се многу важни бидејќи со толкава казна тој нема веднаш да се упати на извршување на затворската казна , туку од домашен притвор, или како слободен граѓанин ќе ја чека разврската на повисоките судови.
Прв e Апелацискиот суд, за кој се шпекулира дека седат „негови“ луѓе. Има повеќе варијанти како би одлучил овој суд и сите одат во корист на Мијалков.
Првата е дека Апелација би му ја намалила казната или пак во најлош случај би го вратила случајот на повторно судење.
Тоа може да трае и неколку години а со тоа Мијалков од дома би ја одлежал казната без ниту еден ден да помине во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.