Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател поддржан од ВМРО ДПМНЕ вечерва на митингот во Гостивар потсети дека луѓето од власта користат празна и неразбирлива филозофија составена од три збора кажувам – заборавам – негирам.

Но ние не кажуваме, не забораваме, не негираме. Ние она што го кажуваме, го помниме, го повторуваме и го спроведуваме, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потсети дека власта користи една флоскула едно општество за сите граѓани, но едно општество за сите граѓани би значело едно општество на еднакви и рамноправни индивидуи.

Не, тие постојано велат дека во едно општество на сите граѓани, сите етнички заедници требало да бидат еднакви и рамноправни и дека така ќе сме живееле среќно заедно. Но тоа не е точна теза, ова општество е мултикултурно, мултиетничко, мултијазично и тоа е реалност. Ама нивното идно општество за сите граѓани е всушност еден многу опасен феномен на бинационално општество, односно бинационална држава.  Со авторитарна власт не се оди во ЕУ, со авторитарна власт не се почнуваат преговори за ЕУ, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова се обрати и до разочараните луѓе кои верувале на власта, а не добиле ништо. Им се обрати и до оние кои што треба сега првпат да гласаат на овие избори зошто гласот на 21 април, за нејзе ќе значи глас за правдата за Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.