Во буџетот кој се предлага за 2021 година за унапредување на животната средина се планирани 294 милиони денари што доколку се споредат со ланскиот буџет се забележува кратење од 21 милиони денари. Чудно е тоа што најмногу, односно 20 милиони денари се крати во категоријата програма за намалување на аерозагадувањето иако тука се најпотребни.

Друга интересна работа која се случува со Буџетот кој се одвојува за животната средина е за десет пати помал од даноците кои годишно се собираат за истата цел.

Тука се поставува прашањето за тоа како Владата сака да го намали аерозагадувањето?

Инаку, дека Владата прави многу малку за аерозагадувањето е нотирано и во извештајот на Европската комисија за животна средина во кој се вели дека здравјето на жителите во Македонија е сериозно загрозено поради загадениот воздух.
Исто така нема ни проекти со кои ќе се искористат европските пари за подобрување на квалитетот на воздухот, а и понатаму остануваме на врвот на листата на најзагадени земји во светот.

Чистиот воздух и покрај што беше едно од главните ветувања на СДСМ и еден од главните приоритети откако се формираше Владата, но и покрај големите ветувања како што беше и „Планот за чист воздух“ со кој владата предвидуваше намалување на загадувањето до 50% во Скопје и 30 до 50% во другите градови до 2020, ништо од тоа не беше спроведено. Сега со последниот предвиден буџет за 2021 година, во кој за оваа цел се одвојуваат само 0.49% од истиот може да се заклучи дека нема да има напредок и во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.