По објавената бомба од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на која се слуша како експремиерот Зоран Заев зборува за сопственото влијание врз судството и обвинителството, се огласи и Игор Јанушев, генерален секретар на опозиционата партија.
Снимките покажуваат зошто Заев треба да оди во затвор и зошто мафијата има своја држава.
Заев вели “близок сум со Јово”, “нема одлука на Врховен без Заев”, “или закон за СЈО или Врховен трас-трас, ќе ги падне случаите”!
Ова накусо е вистинското лице на Зоран Заев кое покажува дека:
Прво, криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија!
Второ, криминалецот Зоран Заев вели дека Катица Јанева го знае тоа и ги движи работите по тој терк!
Трето, договорено е, или закон за СЈО или Врховен ќе ги падне случаите кои се сомничат за криминал.
Зоран Заев е главата на октоподот и главниот сатрап на судството, реагира преку Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.