Снимките покажуваат зошто Заев треба да оди во затвор и зошто мафијата има своја држава, пишува на Фејсбук Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Денеска Антонио Милошоски објави снимки во кои се слуша како Заев вели „близок сум со Јово”, „нема одлука на Врховен без Заев”, „или закон за СЈО или Врховен трас-трас, ќе ги падне случаите”!

Ова накусо е вистинското лице на Зоран Заев кое покажува дека:

Прво, криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија!

Второ, криминалецот Зоран Заев вели дека Катица Јанева го знае тоа и ги движи работите по тој терк!

Трето, договорено е, или закон за СЈО или Врховен ќе ги падне случаите кои се сомничат за криминал.

Зоран Заев е главата на октоподот и главниот сатрап на судството, реагира преку Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.