Снимките кои ги бараше јавното обвинителство од своите колеги во Албанија за да утврди како избегал поранешниот премиер Никола Груевски, се избришале. Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески денеска обелодени дека снимките кои барале, не им биле предадени.

Образложението на албанските власти било дека имало многу снимен материјал на камерите на граничните премини и системот автоматски ги избришал.

Јовески не сакл да открие дали поранешниот премиер го имало на снимките од камерите низ главниот град и дали обвинителите го забележале на некоја снимка. Единствено рекол дека не може да кажува детали од предистражната постапка којашто се води и дека надлежниот обвинител ги анализира тие снимки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.