Голема трагедија утрово ја разбуди цела Македонија и ја зави во црно. 46 лица го загубија животот на пат од Турција кон Македонија.
Трагедијата во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија се случила околу 3 часот утрово.
Во автобусот патувале 52 лица на релација Истанбул-Скопје. Меѓу загинатите имало и малолетници, а загинал и возачот. Преживеаните лица се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.
Малку по полноќ, автобусот, кој бил последен во колоната, запрел на бензинска пумпа кај Софија, по што го продолжил патот, за еден час подоцна да се случи несреќата.
Локалните власти кои ја истражуваат несреќата велат дека најверојатната причина е човечка грешка или техничка неисправност. Тие засега не можат да потврдат дали автобусот прво удрил во оградата, па се запалил или претходно настанал пожар во него.
Глетката не се опишува, вели еден од првите пристигнати на местото на несреќата, Васко Пиргов е од подрачната управа на Перник.
Тој бил разбуден рано наутро и испратен на местото на настанот. Пред него беа само полицијата и противпожарната служба.
Мислам дека возачот е виновен. Предна десна гума удрила во знак кој бил фрлен 45 метри. Соборил десетина столпчиња, така е скината и преднатаа гума. Оттука трагедијата станува неповратна. Има излевање на гориво, објасни Пиргов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.