На социјалните мрежи кружи видео од говор на поранешниот премиер Никола Груевски во кое тој предвидува што ќе се случи по доаѓањето на власт на Зоран Заев. Големата слика е редефинирање на државата што и се случува во моментов.
Груевски велеше дека првото што ќе го направи Заев е промената на името на државата и идентитетот а тоа и се случи. Потоа Заев мора да го спроведе Договорот со Бугарија што и самиот го најави.
Се случи и двојазичноста на Македонија со законот за јазици, а деновиве гледаме дека веќе населуваат мигранти.
Од денешна перспеткива Заев нема спроведено уште две работи.
Да ми кажеше некој дека еден ден ќе го постирам Груевски ќе го мавав со палица до мала душа….. pic.twitter.com/fVN8cmenRd
— Фил (@philltr3nj3ro0) August 16, 2021
Тоа е зголемувањето на даноците кое допрва ќе ги удри граѓаните по џеб. Последната точка е редефинирање на бракот.Да не е бракот заедница меѓу маж и жена туку да се легализираат хомосекуалните бракови и да им се овозможи посвојување на деца-велеше Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.