Ако пред половина година помисливте дека арогантното, безобразно и насилничко владеење на СДСМ во целиот раскош се покажа во студиото на Телма кога Снежана Лупевска – Созен го покани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на интервју во кое домаќинот ќе го камшикува гостинот – сте се излажале.

Некултурно, арогантно, со маалска невоспитаност новинарот Сашо Ордановски цел час ја измачуваше публиката на која ѝ најави интервју со лидерот на опозицијата. Ни вети интервју, а гледавме мачење на противник кој се обидува да го задржи нивото на емисијата над калта што ја сервира домаќинот.

Новинарот кој неодамна доби безбедносен сертификат од власта како потврда на својот непрегор во борбата против опозицијата, уште во првите минути покажа очај од немоќта да го наведе соговорникот на тенок мраз. Гледавме едночасовно надвикување на исцрпени теми – обид по којзнае кој пат на Мицкоски да му се натоварат гревовите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ пред неговото доаѓање на чело на партијата, но уште поневеројатно – и гревовите на актуелната власт предводена од СДСМ. Мицкоски да го понесе товарот за непотизмот и партиските вработувања, но и за немоќта на власта да ја открие вистината за бегството на Груевски во Унгарија.

Нејасна е целта зошто Орданоски го поканил Мицковски на интервју, а од она што го видовме – за да го понижува од позиција на домаќин, на некој кој по логиката на нештата е надреден. Повеќепати му повтори дека е машинец и не се разбира во право, па потоа како учениче да го пофали бидејќи му оди математика.

Орданоски се обиде да создаде привид дека се седнати во кафеана, па запијането му објаснува на Мицкоски со какви пари е стекнат имотот на неговата партија, но во истиот тој мамурен манир не му дозволи да се одбрани. Исто течеше разговорот и на темата случаите на СЈО, за кои Орданоски од ракав тресеше милионски суми со кои ВМРО-ДПМНЕ ја оштетило државата, а Мицкоски немаше право да се посомнева во „математиката“ на домаќинот.

Интервјуто на Орданоски со Мицкоски беше понижување за гостинот, но и за новинарската фела, за публиката, за медиумската куќа во која го реализира линчот, па дури и за зачадените кафеани каде што им е местото на ваквите пијани разговори.

Вечерва видовме недостоен новинар со простор во етерот наспроти партиски лидер кој не се удави во Гебелсовата кал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.