Судењето за „Организаторите на 27 април“ влегува во завршна фаза. На денешното рочиште беа изведени последните материјални докази од одбраната на обвинетиот Миле Јанакиевски. Кривичниот совет предводен од судијата Илија Трпков, одлучи на следното рочиште, закажано на 1 јули, Обвинителството да почне со завршни зборови, додека завршните зборови за одбраната се закажени за 6 и 12 јули.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Таа не успеа да го докаже делото за кое ги терети обвинетите. Нејзин главен адут е сведочењето на Александар Василевски-Нинџа. Тој неколкупати го менувше својот исказ дека на посочениот ден во седиштетето на партијата ги видел обвинетите. Но, вештачењето на телефоните кои ги поседувал Нинџа преку базните станици покажаа дека тој само поминал покрај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но не и дека се влегол внатре-aнализира „Република“.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.