Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не бил во неговиот дом на Водно кога полицијата вчера попладне пристигнала за да му врачи решение за куќен притвор, но во домот бил неговиот телефонски апарат, чиј сигнал бил следен, дознава Фокус.
Вчера Јавното обвинителство доставило писмено известување до Министерството за внатрешни работи дека Мијалков планира бегство поради високата затворска казна што ја очекувал во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, по што биле преземени техничко-оперативни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.