Одбраната на Миле Јанакиески на денешното рочиште во случајот „Топлик“ бараше да не се прифати како доказ вештачењетото на вештакот Борис Тунџев од 4.5 2017 година. Одбраната смета дека геодетскиот инжинер Тунџев во времето кога е извршено вештачењето и доставено до СЈО немал лиценца. Лиценцата со важност од 2012 годинаја поднел за продолжување четири месеци по истекување на рокот, а требало да го направи два месеци пред нејзиниот истек.
Поради тоа, одбраната смета дека неговото вештачење е незаконит доказ.
Но, судечкиот совет не мислеше така.
Сите докази остануваат на сила, нагласи главниот судија Осман Шабани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.