Денеска се одржа ново рочиште за случајот ТНТ. Сведочеше Ќанија Ајдиновски, кој од 2011 година бил раководител на објектот „Космос“. Тој беше сведок на обвинителот Бурум Рустеми и говореше за неговите надлежности во изградбата на објектот.
Но, кога дојде редот тој да биде испрашуван од страната на одбраната на обвинетите, Рустеми имаше приговор на речиси секое прашање.
Приговорот се уважува, беше најчестата реченица на судијата Ставрев.
На тоа негодуваше адвокатот Мерџан Даути кој побара од судијата обвинителот да објасни зошто не се согласува сведокот да биде испрашуван.
Сведокот бил одговорен и треба да одговара на прашањата, побара Даути од судијата Ставрев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.