Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Во разговорот, претседателот Пахор во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Во разговорот претседателот Пахор изразил солидарност и истакнал дека Република Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.