Во интервју за неделната емисија за меѓународна политика „Во саботата 150“ на бугарското БНР, словенечкиот амбасадор во Бугарија, Анжеј Франгеш, коментираше дека ќе биде стратешка грешка Балканот да биде изоставен од процесот на евроинтеграција.
Словенечкиот амбасадор во Бугарија истакна дека тоа е продолжение на политиката што Софија ја водела и за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ.
Според амбасадорот Франгеш, двете земји имаат различни ставови за проширувањето на ЕУ – како и кога треба да се спроведе, но тој смета дека е многу важно да се поддржи овој процес, велејќи дека процесот донел промена во земјите кандидати.
Словенечкиот амбасадор, исто така, ја коментираше позицијата на Бугарија во однос на Македонија и нејзината европска перспектива.
Бугарија е една од членките на ЕУ и е наш партнер, ние мора да ја разбереме позицијата на Бугарија, но од друга страна мора да го придвижиме процесот на интеграција во Западен Балкан. ЕУ има обврски во врска со ова … Тоа што можеме да го направиме е да се обидеме да го поддржиме дијалогот и да видиме како двете земји можат заедно да одат во иста насока и каде работите треба да бидат решени во европски контекст. Има работи што се на билатерално ниво меѓу Софија и Скопје, како и работи за кои треба да се одлучува на ниво на Европската Унија – истакна Франгеш.
Тој призна дека има сличности меѓу територијалниот спор меѓу Словенија и Хрватска за време на разговорите за членство на Загреб во ЕУ и бугарско-македонските проблеми, но тие се помали од разликите.
Како што потсети амбасадорот, Словенија ставила вето за Хрватска не на почетокот, туку на крајот на целиот процес на преговори. Тој не коментираше дали Љубљана подготвува компромисен предлог во спорот меѓу Бугарија и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.