Словенечките пожарникари кои во огромна мера придонесоа за гаснењето на пожарите низ Македонија, а најмногу во малешевијата, вчера беа испратени со трубачи и аплаузи од страна на беровчани.

Пожарникарите заминаа од Берово и ги поздравија со звучна сигнализација беровчани. Во чест на нив кои неуморно се бореа со огнените јазици кои ја зафатија претходните денови малешевијата, им беа доделени благодарници од страна на градоначалникот.

Доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија донираше лична пожарникарска опрема на своите колеги од територијалната противпожарна бригада од Берово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.