Како дел од субвенциите на владата за медиумите, односно еднократна субвенција за печатен медиум, „Слободен печат“ добил 238 илјади евра, објави вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Но, според анализата на „Вечер“, весникот од владата и владини институции досега искеширал многу повеќе. Алатката „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажува дека од појавувањето, до денес, овој медиум има повластена позиција кај Владата, и добива редовни исплати од буџетот.
„Отворени финансии“ бележат 18 страни уплати, а на секоја стана има по 103 уплати. Тоа значи дека од буџетот, на „Слободен печат“ му се префрлени 1.854 уплати во вкупна вредност од 37.270.197 денари или 606.020 евра.
Пари му се префрлани од сите министерства и јавни установи. Според завршните сметки од Централен регистар, „Слободен печат“ прикажува и огромни добивки за печатен медиум кои растеле во последниве години и се бројат во стотици илјади евра.

ВКУПНО од сите 18 страни: 37.270.197 денари = 606.020 евра
Во „Слободен печат“ свои колумни објавува Бранко Тричковски, новинарот кој денеска на „Твитер“ во неговата долга листа на ниски навреди и закани ја запиша и оваа антисемитска против министерката за внатрешни работи Рашела Мизрахи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.