Македонија денеска го одбележува 11 Октомври, Ден на народното востание на на македонскиот народ, почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.11 Октомври е симбол на Македонскиот непокор и слободарскиот дух.
Осумдесет години подоцна, на 17-ти октомври и Битола ќе биди ослободена, ослободена од начинот на кој се носат одлуките за нејзината иднина и од партиските стеги координирани од Скопје. Битола ќе се избори за својата независност, за да биде во целост заштитена од лични апетити и партиски наредби.
Македонскиот народ пред осумдесет години самостојно се избори за својата слобода и битолчани ќе се изборат за ослободување од стегите на партиските штабови и шаблони, приоритетите и потребите на граѓаните мора да бидат основа за развојот на Битола.
Поинаку е последната шанса на Битола!
Честит празник!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.